5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На улиците на Барселона излегоа 350.000 луѓе, по протестот избиja нереди

Во центарот на Барселона при судирите со полицијата најмалку шест лица се повредени и хоспитализирани во текот на демонстрациите изминатата ноќ.

Конфликтот избил додека силите се обидувале да ги растераат демонстрантите кои се собрале пред седиштето на шпанската полиција.

Во саботата во Барселона се собраа околу 350.000 луѓе, а многумина од нив вееја знамиња за независност на Каталонија.

Последните немири и новиот бран за право на самоопределување, се поттикнати од пресудите на шпанскиот Врховен суд кој осуди деветмина политички претставници на каталонските сепаратисти на девет до 13 години затвор за нивната улога во неуспешниот референдум за независност на Каталонија во 2017 година.

Протестите ги организираат групи чија цел е да се создаде нова држава во североисточна Шпанија./Makfax

Спонзорирано: