20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Навивачи на Ливерпул залутаа во Гент наместо во Генк

Двајца навивачи на Ливерпул, наместо во Генк, отпатувале во блискиот Гент и го пропуштиле натпреварот во Лигата на шампионите. Англичаните направиле грешка мислејќи дека натпреварот се игра во Гент, оддалечен 150 километри од другиот белгиски град Генк и со тоа станаа хит на социјалните мрежи.

Тие го следеле триумфот на „црвените“ 4: 1, наместо во живо, во кафуле во Гент и останаа без платените влезници. Сепак, Фудбалскиот клуб Гент се погрижи да ги развесели, нудејќи им бесплатни билети за вечерашниот натпревар со Волфсбург во Лигата на Европа./Makfax

Спонзорирано: