7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мистерија: Избришал се во врска со неговото минато, а потоа е пронајден мртов во Ирска – Полицијата со месеци се обидувала да открие за кого се работи

Маж со седа коса и кожна јакна во јуни 2009 година стигнал во округот Слиго во Ирска, а една од неговите намери ила да исчезне.

Единствено познато за него било дека избришал се што постоело за него пред да умре на плажа во Роузес Пинт, а на видео снимките од надзорните камери е снимен три дека пред смрта во хотел , каде се пријавил под име Петер Поинт.

Телото е пронајдено во зори на 16 јуни во 2009 година, а кај него немало никакви документи, па дури и на облеката и биле исечени етикетите.

Покрената е истрага, но сепак не е прнајдено ништо за него.

„ Се што имаме е неговата посета на Слиго, не можеме а го сместиме на друго место“ рекол еден од инспекторите кои работеле на случајот.

Тој три дена бил сместен во хотелот и секој ден излегувал со виолетова кеса во раце, а се враќал без неа.

Се верува дека тој ги изнесувал своите работи и алишта и ги фрлал, но никој не знае каде.

Се потрудил да ги избегнува безбедносните камери кои ги има насекаде по градот. По неговата смрт е откриено дека не постои лице со име Питер Бергман, кој би одговарал на неговата старост и изглед било каде во Европа, Америка или ЈужнаАфрика. Адресата која ја користел за пријавување во хотелот не била негова, а утврдено е дека на тоа место немало ништо.

Секој ден купувал по осум поштенски маркици, но не е познато на кого пишувал икаде ги праќал писмата. Ден пред да биде пронајдено неговото тело на плажата, тој го замолил такстот да го одведе на некоја мирна плажа за да се капе, а тој го одвел на Роузес Пинт, тој се задржал крако, па се вратил , веројатно барал место каде „сакал да умре“.

На плажата и во хотелот не раговарал со никој, а луѓето кои го сретнале рекле дека тој изгледал малку чудно и бил „во свој свет“.

Утрото на 16 јуни, 2009 година, татко и син кои тренирале на плажа го нашле телото, најпрвин мислеле дека се работи за кукла, но кога се доближиле сфатиле дека е човек па повикале полиција.

Обдукцијата покажала дека имал карцином на простата и коските тоа во напредна форма, но немало докази на насилство или дека се удавил.

Извештајот од токсикологија покажал дека нема траги од никакви таблети против болка, па дури ни аспирин, бидејќи претходните медицински извештаи покажале дека претходно преживеал срцев удар.

Истражена е секоја можна опција, користени се медиуми, ДНК, отпечатоци од прсти, но едноставно податоци за него немало никаде. Веројатно мислел дека и телото нема да му биде најдено и дека ќе го однесе морето, па овој случај остнува една голема мистерија.

Спонзорирано: