8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фатени шестмина малолетници од Чегране кои извршиле 27 тешки кражби

Гостиварската криминалистичка полиција расчисти вкупно 27 тешки кражби и обиди за тешки кражби и до надлежното основно јавно обвинителство поднесе кривични пријави против 6 малолетници од гостиварското село Чегране, од кои тројца на возраст од 15 години и тројца 17-годишници.

Како што информираат од МВР, шесттемина малолетници се сомничат дека во периодот од ноември 2018 година до август 2019, во група и со употреба на сила влегле во куќи претежно на лица од Чегране привремено вработени во странство и краделе златен накит, алати, облека и технички производи.

Украденото го криеле во штала во селото и подоцна го продавале на други лица.

Вкупната корист што противправно ја оствариле од овие кражби се проценува на 418 илјади денари, а причинетата материјална штета на 224 илјади денари./Makfax