11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Елен уби ловџија во Арканзас

Ловец од Арказас, САД бил фатално избоден од елен за којшто мислел дека е мртов, откако го застрелал. Томас Александар (66) бил искусен ловец кој живеел во областа Јелвил неколку години. Тој бил на лов во вторникот во блиските планини Озарк, по што се јавил на неговите блиски за да им каже дека условил елен. Што се случувало потоа на надлежните не им е познато.

Претпоставките се дека ловџијата, којшто имал дозвола за лов, не почекал доволно долго за да се осигура дека еленот е застрелан, поради што му се доближил и бил фатално повреден.
Тој успеал да се јави кај неговите блиски и да им каже дека е повреден, по што била повикана Барза помош. Но, тој починал на пат кон болницата. На телото на починатиот ловец биле пронајдени неколку убодни рани./Makfax

Спонзорирано: