5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

(Видео) Направиле огромен кревет за да може да спијат со своите 7 кучиња

Џенифер Тејлор (49) и нејзиниот сопруг, Стив (60), од Алабама, САД, се во брак 24 години и ги сакаат своите кучиња толку многу што направиле огромен кревет широк четири метри за да може да спијат удобно со нив. Тие купиле два огромни душека и ги споиле, па на тоа монтирале две врати како зглавје, кое потоа го насликале.

Конструкцијата на креветот ја направиле од дрвени штици, а на крајот ги чинела приближно 6.300 куни. Тие велат дека биле презадоволни од резултатот. Кога во него ќе се сместат со своите седум влакнести пријатели, сите имаат повеќе од доволно место за спиење.

Џенифер се опишува себеси како мајка на кучињата и сите тие се нејзините мали бебиња. Тие имаат пет долговлакнести јазавичари и два француски булдога. Понекогаш ги има и повеќе кога ќе удомат некое напуштено куче.

„Целата моја куќа во основа стана светилиште за кучиња! Тие беа премногу за кревет со нормална големина, па јас и мојот сопруг решивме да изградиме еден огромен од четири метра за да можеме сите да спиеме на него“, рече таа, пренесува „Унилад“./Makfax

Спонзорирано: