9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Фан страна на фејсбук @zaevzoran
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Независната пратеничка група ја поздрави одлуката на САД за ратификација на протоколот за НАТО

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија упати благодарност до амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз, за ратификацијата на пристапниот протокол за НАТО, по скратена постапка од страна на Сенатот.

„Големото мнозинство кое прави да се чувствуваме добредојдени во сојузот кој значи заштита и безбедност на нашите граѓани е од исклучителна важност. Во овие сензитивни моменти, моменти на едно разочарување од одлуката на Советот на ЕУ да не почнеме пристапни преговори, една ваква вест дека САД, наш силен стратешки партнер ни оддава признание и брза шанса за влез во Алијансата го враќа оптимизмот, но и дава сигурност дека нашата приказна ќе биде успешна“, велат од Независната пратеничка група.

Воедно, упатуваат и благодарност до Амбасадорот Џес Бејли и неговата заменичка Микаела Швајцер Блум, кои, како што велат, несебично и гласно допринесоа за унапредување на македонско американското пријателство со поддршка на реформите во правосудството, заштита на животната средина, можностите за младите, поддршка во образованието и можеби најважното, поддршка на развивање на демократските принципи.

„Вие, од позиција на амбасадор во Грција, во периодот на склучувањето на преспанскиот договор сте запознаени со предизвиците и суштинското значење на истиот. Горди сме на нашата значајна улога во овој успех на Република Северна Македонија и ви благодариме за севкупната поддршка“, се додава во писмото на пратеничката група./Makfax

Спонзорирано: