7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

И официјално повлечен законот за екстрадиција во Хонгконг

Владата на Хонгконг и официјално го повлече непопуларниот закон за екстрадиција што беше повод за жестоките неколкумесечни протести кои потоа прераснаа во кампања за демократски промени во овој полуавтономен кинески регион.

„Формално го објавувам повлекувањето на законот“, изјави министерот за безбедност, Џон Ли во градскиот парламент.

„Ројтерс“ оценува дека е мала веројатноста овој владин потег да стави крај на протестите, бидејќи законот е само дел од барањата на демонстрантите.

Тие бараат од лидерката на Хонгконг, Кери Лам, да поднесе оставка и се залагаат за независна истрага за полициската бруталност за време на протестите./Makfax

Спонзорирано: