13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Торнадо остави неколку илјади домаќинства без струја во Далас

Десетина илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо кое го погоди овој американски град.

Ударите на ветрот достигнале јачина до 140 километри на час, а во 16 окрузи во Тексас прогласена е декларација за катастрофи.

Неколку куќи се значително оштетени во близина на аеродромот, додека самот аеродром не претрпел материјална штета.

Во источна Оклахома загинаа три лица, од кои двајца тинејџери, кои починале од труење од јаглерод диоксид додека се обидувале да уклучат светло, а едно лице настрадало кога дрво паднало врз неговата куќа.

На аеродромот во северен Тексас и Арканзас откажани се летовите, како и на меѓународниот аеродром во Далас./Makfax

Спонзорирано: