4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руски мразокршач заробен од невреме во западниот брег на Норвешка

Руски мразокршач, со 33 членови на екипажот, повикал на помош за време на невреме во западниот брег на Норвешка, објави денеска норвешкиот спасувачки координативен центар.

Норвешката Служба за спасување изјавила дека на мразокршачот прво му откажал моторот, но потоа успеал да ја врати делумната способност за маневрирање.

Како што се истакнува, сите членови на екипажот се добри, мразокршачот не е во опасност и продолжил да плови по својата редовна рута./Makfax