3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Почина најпознатaта овца на светот

Мерино овцата Крис, позната по нејзиното неверојатно руно, најголемо на светот, починала во Австралија, пренесува Би-би-си.

Овцата го привлекла вниманието на светската јавност во 2015 година кога нејзините фотографии се појавиле на социјалните мрежи, тогаш таа имала „шестгодишно руно“.

Потоа ѝ ја отстраниле волната со што ѝ го спасиле животот, а кога ја измериле волната тежела 41,1 килограм, што станало светски рекорд.

Потврдено е дека Крис починала поради возраста, имала 10 години./Makfax

Спонзорирано: