10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Новинар тајно се вработил во фабрика за ајфони: „Повеќе личи на затвор отколку на фабрика“

Кинески студент од Њујорк, Деиџан Зенг, го минал минатото лето тајно работејќи во фабрика за ајфони во Кина. Зенг бил на тајна задача и открил зошто производството на популарниот телефон нема да се врати во САД.

Работел шест недели, претежно ноќни смени од 12 часа, секој ден освен недела, во фабриката на фирмата Пегатрон. Неговата работа се состоела од рачно вградување на делови во мобилните телефони.

За ваквата операција тој имал необична причина – истражување заеднички спроведено од Универзитетот во Њујорк и кинеската асоцијација за надзор на трудот.

Истражувањето било спроведено по добиените сознанија на кинеското здружение дека би можело да дојде до негодувања кај работниците поради условите за работа во фабриката.

Откако се вратил во САД, Зенг ги споделил своите искуства во интервју за Си-ен-би-си.

Врз основа на тоа искуство, тој заклучил дека и покрај плановите на американскиот претседател, Доналд Трамп, практично е невозможно американските работници да го преземат производството на ајфон и слични електронски уреди.

Како воопшто ја добил рботата во кинеската фабрика?

„Само се појавив таму. Само ми ја дадоа адресата на фабриката и отидов таму. Кога стигнав, видов луѓе како стојат со багаж во долг ред, па само застанав во него. Кога дојдов на ред ме прашаа за лична карта, побараа да им ги покажам рацете и да ја изрецитирам англиската азбука. После тоа влегов. Ми требаа помалку од 30 секунди. Не треба формално да аплицирате за работа или да имате некои посебни вештини“, изјавил Зенг, додавајќи:

„Во фабриката добивав плата од 3.100 јуани или 450 американски долари“.

Зенг смета дека е невозможно таков работен процес да се преслика во САД, затоа што ниту еден американски работник не би прифатил работа за таква плата.

Според некои снимки направени од кинеската фабрика, нејзината надворешност повеќе потсетува на затвор отколку на фабрика, бидејќи зградата е опкружена со мрежи кои би спречиле самоубиство на работниците.

Сепак, многумина веруваат дека поради фактот што Кина станува економски послилна, ваквите услови за работа наскоро ќе бидат неприфатливи, што ќе услови преместување на производството каде што е попрофитабилно за индустрискиот гигант./Makfax

Спонзорирано: