20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грција ги заострува критериумите за добивање азил

Грчката Влада вети дека ќе ја заостри постапката за добивање азил за мигранти и ќе ја забрза депортацијата.

Ова се случува во време кога во земјата пристигнуваат сè повеќе мигранти по морски пат.

Предлог-законот беше доставен до парламентот и во него се некои од новините и построги критериуми за пристап до апликациите за азил и продолжен рок на притвор.

Наглото пристигнување на мигранти и бегалци во текот на летото, наводно, ги оптоварило грчките острови во близина на турскиот брег, каде што се наоѓаат повеќе од 25 000 азиланти и мигранти, главно во преполни кампови./Makfax

Спонзорирано: