10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Две лица загинаа во поплави на северот од Италија

Две лица загинаа, а две се водат како исчезнати во невремето што ја зафати Северна Италија и предизвика поплави.

Првата жртва е таксист чие возило го однела надојдената вода откако река се излила од своето корито во провинцијата Алесандрија.

Во возилото имало уште едно лице, но тоа преживеало.

Втората жртва е 81-годишен пензионер, кој починал откако неговото возило се излизгало од автопат во близина на Торино. Неговата сопруга, која била сопатник во автомобилот, е повредена.

Две стари лица се пријавени како исчезнати во Морнеза.

Невремето го наруши сообраќајот, причинета е тешка материјална штета, а многу училишта се затворени./Makfax

Спонзорирано: