23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возило удри во две девојки – возачот прво побегнал, па потоа сам се пријавил во полиција

Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал, а потоа сам се пријавил во полициска станица.

Како што информира МВР, вчера во 18:40 часот на булеварот Кочо Рацин, пред крстосницата со ул. Мирче Ацев во Скопје, патничко возило „бе-ем-ве“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(48) од Скопје, удрило во пешаците А.З.(22) и С.Т.(21) од Скопје. А.П. со возилото го напуштил местото на несреќата, но подоцна сам се пријавил во полициска станица.

Во незгодата, С.Т. се здобила со тешки телесни повреди, а А.З. се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје./Makfax

Спонзорирано: