18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Скопје

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа во Скопје. Како што информира МВР, вчера во 11.40 часот, на крстосницата од улицата „Јадранска магистрала“ и локален пат за селото Никиштани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(21) од Скопје и патничко возило „шевролет лачети“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.О.(20) од с.Никиштани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Х.(20), сопатничка од возилото „голф“ и била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Со телесни повреди се здобиле А.О. и сопатничка од истото возило О.Х.(45) и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје./Makfax

Спонзорирано: