3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Северина демантира дека го користела синот за да ја промовира својата концертна турнеја

Пред неколку дена, пејачката Северина Којиќ (47) упати тешки обвиненија на сметка на училиштето во коe oди нејзиниот син и обвини дел од вработените за злоупотреба на нејзиниот син. Откако директорката на училиштето даде изјава, пејачката напиша отворено писмо во кое ги наведува своите ставови за тврдењата дека го запоставила својот син.

„Никогаш не сум го запоставила ниту ќе го запоставам своето дете, ниту пак го користев, според татко му, за да ја промовирам мојата турнеја, туку изложена на постојани напади и подметнување од таткото со помош на дел од системот, кое со години се одвива систематски и континуирано, го изнесов проблемот пред јавноста со цел вакви работи никогаш повеќе да не се случуваат на ниту едно дете или мајка во иста или слична ситуација.

Меѓу другото таа напиша дека на инцидентот во врска со нејзиното дете не се осврнала ниедна од надлежните државни институции, ниту пак изреагирала во согласност со законот, а дека тоа бил класичен пример на психичко и емотивно малтретирање на малолетно дете во наставно-образовна установа од страна на наставничките, бидејќи предметниот чин не дејствувал во корист на детето, туку се однесувал на постапување во корист на зачувување на личните позиции, интереси и моќ на одредени лица во одредени надлежни институции, по наредба на таткото.

„Одговорот е на вас, драги сограѓани … и запрашајте се како би реагирале ако се случи ова на вашето дете од 7 години … И од кого всушност училиштето го ‘штитело’ моето дете?“, го завршува своето писмо Северина./Makfax