20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Објава на „Фејсбук“ предизвика протести во Бангладеш, четворица мртви

Во Бангладеш во неделата загинаа четири лица, откако полицијата пукаше врз толпа демонстранти, кои протестирале поради објава на „Фејсбук“.

Илјадници жители излегоа на улиците на градот Борханудин, сместен во јужниот дел на Бангладеш, за да протестираат против статус на „Фејсбук“, кој наводно го критикувал пророкот Мухамед, јави Си-ен-ен.

„Моравме да пукаме. Немавме други опции“, изјавил за медиумите висок полициски службеник.

Статусот на „Фејсбук“, кој ги предизвикал овие огромни немири, бил објавен во петокот од 25-годишен Хиндус кој живее во таа област. Неименуваното момче подоцна во полиција објаснило дека некој го хакирал неговиот профил и ја напишал објавата.

Откако веста за објавата се проширила низ целиот град, во неделата пред полициската станица се собрала разгневена толпа барајќи правда. Полицијата првично немала намера да употреби сила затоа што собирот започнал како мирен протест на граѓаните. Но, по некое време, некои учесници започнале да фрлаат камења и цигли врз полицајците, по што дошло до судир со трагичен биланс./Makfax

Спонзорирано: