9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Момче загина на тротинет во Франција, возачот избегал

Дваесет и петгодишно момче загина, а осумнаесетгодишна девојка е тешко повредена кога автомобил удрил во нивниот електричен тротинет во центарот на Бордо, Франција, а потоа избегал од местото на настанот, соопшти полицијата.

Од средината на годинава во Франција најмалку шест лица загинале во сообраќајни несреќи кои вклучуваат електрични тротинети. Речиси сите жртви се возачи на тротинет, најчесто младите.

Првата жртва бил осумдесет и едногодишен маж, кој починал откако бил соборен од тротинет во париското предградие Левалоа./Makfax