19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Далас го опустоши торнадо, повеќе од 100.000 луѓе без струја

Повеќе од 100.000 луѓе останале без електрична енергија, а многу згради биле оштетени кога торнадо го погоди Далас, соопшти Националната метеоролошка служба.

Метеорологот Џејсон Годвин изјавил дека радарот открил дека торнадото удрило недалеку од аеродромот Лав филд и се преселило североисточно во градот.

Градот Далас соопшти дека нема извештаи за жртви и сериозни повреди, пренесува АП.

Во соопштението се вели дека околу 112.000 луѓе биле без електрична енергија, од кои 60.000 во Далас, и дека е забележано протекување на гас северно од градот.

Локалните медиуми објавиле дека седум лица побегнале од зградата што се урнала и дека се оштетени неколку домови и продавници./Makfax

Спонзорирано: