18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Четиригодишниот Арчи стана најмладиот диџеј во светот

Арчи Норбери, познат како DJ Archie, е најмладиот клупски диџеј во светот – тој има само четири години.

Ова чудо од дете на возраст од четири години и 130 дена, според Гинисовата книга на рекорди, за да го урне рекордот морало да настапува без ничија помош половина час пред публика од најмалку 20 лица. Обид да се урне рекордот е забележан во клуб во Хонг Конг, каде малиот ги воодушевил присутните.

Претходно, оваа титула ја имаше диџејот Арч Јуниор (DJ Arch Junior) кој го урна рекордот во Јоханесбург во 2017 година, на пет години и 38 дена старост.

Најновиот диџеј е роден во Дубаи и од неодамна живее во Хонг Конг со семејството. Детето од својата втора година тргнало по стапките на таткото Џон Норбери, кој исто така е диџеј./Makfax

Спонзорирано: