5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Автомобилите поскапуваат од јануари

Од 1 јануари 2020 година Европската комисија ќе ги казни производителите на автомобили за секој вишок грам на јаглерод диоксид (СО2) над зацртаниот просек од 95 грама на секој поминат километар. Казната ќе изнесува 95 евра за секој грам.

Ова произлегува од строгата регулатива со која се поставуваат стандарди за емисија на CO2 за нови автомобили и нови лесни комерцијални возила со кои ЕК бара од производителите на автомобили да произведуваат возила што се продаваат на пазарот на ЕУ, а кои од идната година ќе емитуваат 95 грама на километар, додека само 5% од возилата ќе можат да имаат поголема емисија на јаглерод диоксид од планираното.

Сето ова ќе доведе до пораст на цената на новите автомобили бидејќи дилерите нема да можат сами да ја надоместат казната. Според проценката на консултантската компанија „Еулер Хермес“, цената на новите автомобили ќе се зголеми за 2,6% во просек во 2020 година, што е само почеток на порастот на цените.

Просечната емисија на CO2 на нови автомобили продадени во ЕУ во текот на 2018 година изнесуваше 120,6 грама на километар, а доколку е така во 2020 година, производителите ќе треба да платат огромни казни. Експертите проценуваат дека казните се движат од 20 до 35 милијарди евра, а казните ќе се пресметаат врз основа на бројот на продадени, а не произведени автомобили./Makfax

Спонзорирано: