17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„Ауди“ излета од автопатот Скопје – Куманово, возачот тешко повреден

„Ауди“ излета од автопатот Скопје – Куманово, при што возачот е тешко повреден. Како што информира МВР, вчера во во 7.30 часот на автопатот Скопје – Куманово, на исклучокот за обиколницата на град Скопје, патничко возило „ауди А8“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(28) од селото Инџиково, Скопско, излетало од патот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје./Makfax

Спонзорирано: