7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Американски трупи ја напуштија Сирија и влегоа во Ирак

Американски трупи од Сирија преминаа во Ирак преку граничниот премин Сахела во провинцијата Дохук, наведуваат очевидци.

Од ваквата транзиција на американските сили се појавија и снимки на кои се забележува како повеќе од 100 оклопни возила превезуваат војници во Ирак, повлекувајќи се од Сирија.

Безбедносни извори на ирачките Курди истакнуваат дека американската војска влегла во полуавтономниот курдски регион во Ирак.

Границата ја преминале околу 30 приколки и возила „хамер“ кои превезуваат тешка воена опрема, додава изворот.

Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, изјави во саботата дека сите војници, околу 1.000, ќе бидат префрлени во западниот дел на Ирак, со цел да ја продолжат борбата против Исламска држава и да помогнат во одбраната на Ирак./Makfax

Спонзорирано: