10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

(Видео) Тестиран првиот лет во историјата од Њујорк до Сиднеј без прекин

Авион на австралискиот авиопревозник по 19 часа лет, утрово слета во Сиднеј. Тоа беше прв нон-стоп лет од Њујорк до Сиднеј и прв тест како толку долги летови влијаат на човечкото тело.

Квантас QF 7879, полета од аеродромот во Њујорк „Џон Ф. Кенеди“ во петокот ноќта и слета утрово на сиднејскиот аеродром „Кингсфорд Смит“.

Моментално „Сингапур ерлајнс“ има најдолг комерцијален лет во светот од Сингапур до Њујорк, кој трае 18,5 часа. Квантас го пренамени новиот Боинг 787-9 „Дримлајнер“ за долг лет со максимално гориво и помал број патници и багаж без карго, за да овозможи авионот да лета без прекин./Makfax

Спонзорирано: