4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Протести против брегзит во Лондон

Десетици илјади противници на излегувањето на Велика Британија од ЕУ демонстрираат денес во Лондон додека парламентот расправа за новиот договор за брегзит.

На една од улиците, група демонстранти со ѕвона врзани за нозете и стапчиња, играле на традиционалниот англиски танц Морис, извикувајќи „Морис, а не Борис“, алудирајќи на премиерот Борис Џонсон.

На други места расположението било помрачно, па така неколку демонстранти биле забележани како плачат. Една жена изјавила дека е многу вознемирена поради можноста да дојде до брегзит./Makfax