5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Медведев во Белград, безбедноста во градот на највисоко ниво

Рускиот премиер, Дмитри Медведев, денеска ќе го посети Белград, а како што пренесуваат српските медиуми, ќе го чуваат над 5.000 полицајци.

Медведев доаѓа во еднодневна посета на Србија, на 75-годишнината од ослободувањето на Белград во Втората светска војна.

Според „Вечерни новости“, освен полицајци и припадници на тајната служба, Медведев ќе го чуваат и 30-ина телохранители. Како што се наведува, безбедноста во градот ќе биде подигната на највисоко ниво.

Предвидено е за 12 часа да посети дури осум локации. Првата станица на рускиот премиер по слетувањето на аеродромот „Никола Тесла“, каде што ќе го дочека српската премиерка Ана Брнабиќ, ќе биде воениот аеродром „Полковник пилот Миленко Павловиќ“, каде што заедно со Вучиќ ќе присуствува на демонстрација на воената способност на српската армија.

Се очекува Медведев да ја потврди поддршката на Србија во поглед на решавање на проблемот со Косово, а на дневен ред ќе бидат и неколку билатерални средби. Предвидено е разговорот меѓу Вучиќ и Медведев да трае 45 минути, пренесе „Новости“.

Медведев ќе го посети Калемегдан. Вечерва ќе присуствува на свечена академија за 75-годишнината од ослободувањето на Белград./Makfax

Спонзорирано: