23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зголемени тензиите меѓу Курдите и Турците во Данска поради турската интервенција во Сирија

Данска, каде што и претходно имаше насилни судири меѓу Турците и Курдите, се подготвува за нови тензии, пренесува „Копенхаген пост“. Според Дениз Серинџи, новинар во данскиот курдски весник „Џијан, работите може повторно лесно да ескалираат.

„Ризикуваме да се појави конфликт меѓу Курдите и Турците во Данска. Кога станува збор за војна, тоа ги дели луѓето и многумина се повредени. Луѓето се плашат, а и јас секогаш сум двојно внимателен кога излегувам да држам говори“, вели Сердал Бенли, заменик-градоначалник на општината Гладсаксе.

Според Дана Рашид од курдската заедница, која е преведувач во градот Хорсенс, постои голем ризик од граѓански немири и напади во ресторани.

„Постојат и турски и курдски банди што не се плашат да користат насилство“, истакна таа.

Според Бенли, дискурсот на социјалните мрежи никогаш не бил полош од сега, а работите дополнително ескалираа по почетокот на турската операција во Сирија, особено во рамките на затворените форуми.

Во една група на „Фејсбук“, данските Курди споделуваат видеоснимки од турски демонстрант кој бил нападнат и малтретиран. Во друга данските Турци ги поздравуваат видеата со мртви курдски војници и од воената операција во Сирија. Бенли истакна дека тој самиот видел многу случаи кога Курдите и Турците престанале да се дружат на „Фејсбук“ поради разни мислења поврзани со конфликтот.

Како и многу европски земји, и на Данска не ѝ се непознати турско-курдските контроверзии. Минатата година турската амбасада во Копенхаген беше нападната од четворица Курди кои фрлаа „молотови коктели“, а еден месец подоцна прокурдски протест беше нападнат од Турците.

Данските Курди и Турци се познати по тоа што долго време ги бојкотираа рестораните на другата заедница. Честопати членовите на спротивставените заедници не комуницираат и покрај тоа што се соседи.

Турската дијаспора во Данска брои речиси 70.000 луѓе и е една од најголемите во скандинавската земја. Бројот на Курди е дискутабилен бидејќи новодојденците се регистрираат според својата земја на потекло – Сирија, Ирак, Иран и Турција имаат курдски региони. Според некои процени, половина од данските Турци се всушност Курди./Makfax

Спонзорирано: