7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Војна на улиците на Мексико поради апсењето на синот на Ел Чапо

Во мексиканскиот Кулиакан избувнаа судири меѓу безбедносните сили и припадниците на моќниот нарко картел Синалоа, чиј поранешен лидер е Хоакин Гузман, попознат како Ел Чапо.

Причината за конфликтот било апсењето на синот на Ел Чапо, Овидио Гузман Лопез, кој полицијата го пронашла при рутинско пребарување на неговиот дом.

Според Би-би-си, членовите на Синалоа организирале голем напад за да го извлечат помладиот Гузман од затвор што е можно поскоро. Засега нема официјални извештаи за судирот, но се појавија фотографии на кои се гледаат мртви тела и запалени автомобили низ градот. Објавени се и снимки од конфликтот на кои се слушаат истрели. Наводно, по бунтот, тој набрзо бил пуштен на слобода.

Помладиот Гузман ја презеде улогата на неговиот татко во картелот. Според Би-би-си, Гузман е на возраст од дваесетина години и се бара во САД за трговија со дрога.

Еден од најмоќните светски наркобосови, 62-годишниот Ел Чапо, е осуден на доживотен затвор плус 30 години дополнителна затворска казна.

„Овде нема правада“, кратко рече Ел Чапо по пресудата во јуни, која му ја изрече судот во Њујорк.

Ел Чапо ја започнал својата шверцерска кариера работејќи на плантажи за марихуана во колумбиската држава Синалоа, но сега се чини дека остатокот од својот живот ќе го мине во затворот познат како „Алкатраз на карпите“ – федерален затвор со најстроги безбедносни мерки лоциран во сојузната американска држава Колорадо./Makfax

Спонзорирано: