13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Нов бисер на Трамп: САД и Италија се пријатели уште од антички Рим

На средбата со италијанскиот колега Серџо Матарела, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека културните врски меѓу двете земји постоеле уште од антички Рим.

„Соединетите Американски Држави и Италија се обврзани со заедничко културно и политичко наследство кое датира илјадници години уште од антички Рим“, рече Трамп според налогот на Белата куќа на „Твитер“.

Корисниците на социјалните медиуми беа изненадени од незнаењето на Трамп за историјата.

„Лекција по историја: антички Рим потекнува од 8 век пр. н.е., а падна во 5 век од нашата ера. САД ја усвоија Декларацијата за независност во 1776 година. Ми недостига претседател кој ја знае историјата“, напиша еден од следбениците на претседателот.

Сепак, имало и такви што зборовите на Трамп ги сметале за метафора што ја потенцира правната поврзаност на античките римски закони со Уставот на САД.

Спонзорирано: