14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се затвора озлогласен затвор во Њујорк

Њујоршкото градско собрание денес изгласа затворање на озлогласениот градски затвор „Рикерс“ до 2026 година оценувајќи го како нехуман комплекс кој е оптоварен со хронично насилство.

Затворањето на „Рикерс“ и уште три градски затвори ќе ја чини градската каса 8,7 милијарди долари, односно од тие средства ќе се финансира отворањето четири похумани затвори во градот, а островот Рикерс ќе биде претворен во јавен простор.

„Островот Рикерс е симбол на суровост и нехуманост и време е да го затвориме еднаш засекогаш“, рече претседателот на Градскиот совет, Кори Џонсон, пред гласањето.

„Мислам дека не претерувам кога ќе кажам дека за многумина од нас, ова е еден од најважните гласови што ќе ги дадеме во целата наша кариера“, рече тој.

Во затворот, кој се протега на 160 хектари на остров на Ист Ривер, поврзан со мост со њујоршкиот округ Квинс, има околу 7.000 затвореници, од кои повеќето чекаат судење или издржуваат казни помали од една година.

Во екот на криминалниот бран пред две децении во тој затвор на дневно ниво во просек имало над 20.000 затвореници.

Во 2017 година градоначалникот Бил де Бласио предложи затворање на „Рикерс“ во рок од 10 години, а заклучно со 2018 година лица под 18-годишна возраст не се држат во озлогласениот затвор./Makfax

Спонзорирано: