13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија бара осуда на радикалите во Косово поради зголемување на тензиите на Балканот

Обидите на косовската администрација да навлезe во областите населени со Срби ја поткопуваат стабилноста во Балканскиот Регион, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

„Ние ги сметаме акциите што ги презема косовската администрација за продолжение на нејзината отворена политика насочена кон зголемување на етничките тензии во регионот, што може да ја поткопа стабилноста на Балканот“, се вели во соопштението.

„Овие случувања се уште еден неверојатен пример за неуспехот на државноста на Косово,“ истакнуваат од руското МНР.

Москва ја повикува меѓународната заедница да ги осуди дејствата на радикалните сили на Косово и нивното кршење на основните принципи и стандарди на човековите права што ги прифаќа цивилизираниот свет./Makfax

Спонзорирано: