11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Општ штрајк во Каталонија – илјадници демонстранти на улиците на Барселона

Барселона и цела североисточна Каталонија денеска се блокирани поради многубројни штрајкови и демонстрации организирани во знак на протест против изречените затворски казни за каталонските сепаратисти.

Генералниот штрајк е организиран на повик од синдикатите кои се залагаат за независност на Каталонија, а илјадници демонстранти пристигнуваат во Барселона, каде што вечерва ќе бараат ослободување на затворените каталонски сепаратисти на масовен протест.

Шпанските власти соопштија дека 57 лета се откажани, а демонстрантите уште утрово ја блокираа границата кон Франција и уште најмалку 25 патишта.

Значително е намален и бројот на железнички линии, а затворени се и голем број продавници и фабрики.

Затворена е и познатата катедрала и препознатлива локација во Барселона, „Саграда фамилија“, бидејќи демонстранти го блокираа влезот во неа.

Здравствените власти соопштија дека 42 лица се повредени во протестите во четвртокот вечерта и оти 16 лица се уапсени, од кои осуммина се испратени во затвор.

Шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде Марласка, изјави дека властите следат мала група демонстранти, која предизвикува инциденти на одредени места.

Тој додаде дека туристите може без никакви проблеми и страв за нивната безбедност да ја разгледуваат Барселона.

Во Барселона во понеделникот почнаа нови протести на Каталонците кога Врховниот суд во Мадрид осуди деветмина поранешни каталонски политичари и активисти на девет до 13 години затвор за нивната улога во неуспешниот обид да се прогласи независност на Каталонија во 2017 година./Makfax

Спонзорирано: