13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈААНАЛИЗАИЗБОР

Опозиција без к’смет: Изјавата на Доналд Туск ја сруши цела стратегија за демонстрации на опозицијата

Како да се без к’смет и среќа. Опозициската ВМРО ДПМНЕ само што ја обвини македонската влада за немање на реформи и целата вина за недобивањето на преговори со ЕУ, ја фрли врз премиерот Зоран Заев, од ЕУ стигна студен туш за ВМРО ДПМНЕ.

Претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск во директна порака до Владата предводена од Зоран Заев, повика Владата да не се откажува и директно порача

– Ве молам не се откажувајте, вие го сторивте своето, ние не, рече Туск на завршната прес конференција на ЕУ Самитот попладнево.

Со оваа паднаа во вода спинерските обиди да се окарактеризира македонската влада како виновник за недобивањето на членството со ЕУ, а уште вчера опозицијата повика на финална пресметка и ја спомна “улицата” како решение за ваквата ситуација.

/Ј.С./

Спонзорирано: