15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 20 загинати во експлозија во џамија во Авганистан

Најмалку 20 лица загинаа, а 40 се повредени во експлозија на бомба во џамија во Авганистан за време на молитва, соопштија денеска тамошните власти.

Портпаролот на гувернерот на источната провинција Нангархар, Атахула Коџани, изјави дека имало деца меѓу жртвите и дека стравува оти бројот на загинати може да биде поголем.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а американската агенција забележува дека и талибанците и Исламската држава се активни во источен Авганистан./Makfax

Спонзорирано: