19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мистериозна смрт на работници во магацин во Германија

Германската компанија „Хермес“ во источна Германија престана со работа кога двајца нејзини работници починале во рок од неколку часа, а третиот завршил во болница.

Првиот работник починал во магацинот на компанијата, вториот во комбе, а причините сè уште не се познати.

Во овој момент полицијата ги испитува околностите на смртта и ги третира како несреќен случај.

Полицијата ги тестирала супстанциите пронајдени во пратките во комбето под сомнение дека се токсични, но се наведува дека количината не е доволна за да убие возрасно лице.

На третиот човек во магацинот му се слошило, а полицијата во соопштението тврди дека неговото заминување во болница е сосема нормална медицинска процедура и дека господинот претходно имал здравствени проблеми.

„Хермес“ има 3.000 вработени и моментно не ја извршува дејноста од предострожност.

Противпожарни екипи веднаш дошле во складот ​​каде што се случила трагедијата.

Кога ги отвориле пакетите, откриле помали количини одредени супстанции што не биле смртоносни.

Само по обдукцијата на двајцата починати ќе биде појасно што се случило, но првите медицински извештаи негираат дека причина за смртта била труење./Makfax

Спонзорирано: