11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Хан: Одговорноста за овој неуспех не е на Северна Македонија, туку на ЕУ

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека одговорноста за одлуката да не им се додели датум за преговори на Северна Македонија и на Албанија не е на овие две држави, туку на Европската Унија.

„И само да биде јасно: одговорноста за овој неуспех не е на Северна Македонија и Албанија, кои се надеваа со право на позитивна одлука. Тие испорачаа! Одговорноста е на ЕУ, која не успеа да испорача поради внатрешните проблеми. Ова му наштетува на кредибилитетот на Унијата не само во регионот на Западен Балкан туку и пошироко“, напиша Хан на „Твитер“.

Претходно, Хан наведе дека недобивањето датум може да има негативни последици, вклучително и ризик од дестабилизација во регионот на Западен Балкан.

„Лидерите на ЕУ не успеаја да ја исполнат својата посветеност за отворање преговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија. Ова е екстремно разочарување. Европската Унија сега треба да разјасни колку е сериозна нејзината заложба за интеграцијата“, напиша Хан./Makfax

Спонзорирано: