20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Фајон: Франција игра валкана политичка игра

Европратеничката Тања Фајон вели дека Франција игра валкана политичка игра и дека кредибилитетот на Европската Унија е поткопан затоа што на Северна Македонија и на Албанија не им беше дадено зелено светло за почеток на пристапни преговори.

„Франција игра валкана политичка игра и се плашам дека сите ќе ја платиме цената. Ова е неприфатливо“, вели таа.

Фајон вели дека е многу разочарана што Европскиот совет пропуштил уште една можност да покаже дека проширувањето е важно и дека Унијата ги одржува ветувањата.

„Европската Унија повторно е заложник на Франција, која не разбира и продолжува да го поткопува интересот на ЕУ за Балканот“, коментира Фајон на „Твитер“./Makfax

Спонзорирано: