10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Eксплозии и пукање во Сирија, еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел Ајн во североисточна Сирија, на само еден ден по договорот меѓу Турција и САД за прекин на огнот на пет дена.

Главна цел на договорот е да им се овозможи на курдските сили да се повлечат.

Според информации од Ројтерс, во градот Сејланпајнер, оддекнувале експлозии на гранати и се слушало пукање од автоматско оружје.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот потпретседател Мајк Пенс вчера во Анкара постигнаа договор за преки на огнот во северна Сирија на пет дена./Makfax

Спонзорирано: