6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Џенифер Лоренс викендов подготвува тајна венчавка со галеристот

Осум месеци по свршувачката со Кук Марони (33), овој викенд оскаровката Џенифер Лоренс (29) ќе се венча со галеристот и трговец со уметнички дела, пренесува ТМЗ. Двојката неодамна била видена во Њујорк како ги завршува формалностите околу свадбата, што значи дека се приближува свечениот момент.

Актерката и нејзиниот свршеник ја објавија својата врска во 2018 година, а името на Марони за сите во светот на шоубизнисот било целосно непознато. Кук ја води познатата галерија „Гладстон 64“, сместена во Апер Ист Сајд во Њујорк, и ретко се појавува на друштвени настани.

Џенифер сакала да организира моминска забава за женско друштво по повод свадбата, но не поминало сè како што било планирано. Џенифер прво кажала дека нема да има моминска вечер, а пота се предомислила и сè организирала во последен момент. Но гостите не биле подготвени за нејзините чудни желби и речиси никој не можел да дојде, што многу ја погодило актерката.

Пред Марони, таа беше во врска со режисерот Дарен Аронофски, музичарот Крис Мартин и актерот Николас Хулт./Makfax

Спонзорирано: