13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австриската канцеларка разочарана од дебатата за проширување на ЕУ

Австриската канцеларка, Бригит Бирлајн, е разочарана што на самитот на ЕУ не е донесена одлука за започнување на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија, и посочи дека ова не е добар знак за солидарноста во Унијата, како ни за безбедноста во регионот.

„За жалење е. Австрија и другите земји вршат притисок за почеток на преговорите“, рече Бирлајн пред почетокот на вториот ден од самитот во Брисел.

Таа смета дека Северна Македонија и Албанија ги исполниле барањата на Европската комисија и имаат право на пристапни преговори.

„Одлуката не е донесена заради одделни држави. Верувам дека ова не е добар знак за солидарноста во Унијата, како и на безбедноста во регионот“, порача австриската канцеларка.

Бирлајн нагласи дека денеска разговарала со премиерите на Северна Македонија и Албанија, кои ја известиле дека се разочарани.

„И тие се многу разочарани. Ги уверив дека ќе продолжиме да ги поддржуваме“, рече Бирлајн.

Одлуката за пристапни преговори со Северна Македонија не е донесена заради, како што објавија австриските медиуми, противењето на францускиот претседател Емануел Макрон, а Албанија ја блокирале данскиот и холандскиот премиер Мете Фредериксен и Марк Руте./Makfax

Спонзорирано: