4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

(Видео) Хелен Хант доживеа сообраќајна несреќа, итно пренесена во болница

Американската актерка Хелен Хант (56) била пренесена во болница по сообраќајната несреќа во Лос Анџелес.

Според странските медиуми, актерката во моментот на несреќата била сама во автомобилот, а на снимките од надзорните камери се гледа како автомобил удира во џипот во кој била актерката. Поточно, таа била на задното седиште, а џипот се превртел од силината на ударот.

https://youtu.be/nUb8bbbRCKk

Актерката веднаш била пренесена во болница и се пожалила на болки.

Таа била свесна и во стабилна состојба во моментот кога ја пренесувале со амбулантно возило. Здравствената состојба на возачот на џипот во кој била актерката не е позната, ниту на возачот на возилото што удрило во џипот./Makfax