13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

„Тесла“ доби одобрение за производство во Кина

Компанијата „Тесла“ е додадена на списокот на кинеската влада за овластени производители на автомобили, соопшти денеска Министерството за индустрија, откако на производителот на електрични возила му е издаден сертификат неопходен за да започне со производство во земјата.

Списокот го објави кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија.

„Ова значи дека Тесла во целост доби зелено светло за производство во Кина“, рече Џел Џанг, шеф на консултантската компанија „Аутомотив форсајт“, со седиште во Шангај, додавајќи дека „Тесла“ може да започне со производство во секое време.

Фабриката вредна 2 милијарди американски долари што „Тесла“ ја гради во Шангај е првиот странски објект на компанијата.

Неодамна беше објавено дека „Тесла“ планира да започне со производство во својата фабрика во Кина во текот на месецов.

Компанијата планира во фабриката да произведува најмалку 1.000 примероци од „модел 3“ неделно до крајот на годинава, бидејќи се обидува да ја зголеми продажбата на најголемиот светски автомобилски пазар и да ги избегне повисоки тарифи за увоз на американски автомобили.

Властите во Шангај понудија помош за „Тесла“, со цел да се забрза изградбата на погоните, а на 30 август Кина ги ослободи моделите на „Тесла“ од данокот од 10 проценти за продажба на возила./Makfax

Спонзорирано: