24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Променет режим на сообраќај, ќе се поставува осветлување во тунелите кај Демир Капија

На магистрален пат А1, делница Демир Капија-Смоквица, заради изведба на осветлување и сигнализација на тунелите Демир Капија 1 и Демир Капија 2, ќе има времена измена на режимот на сообраќајот. Сообраќајните знаци за изменет режим на сообраќајот ќе почнат да се поставувуваат од 17.10.2019 година, а предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 3 (три) месеци, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево./Makfax