11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин го покани Ердоган да ја посети Русија

Рускиот претседател Владимир Путин го покани турскиoт претседател, Реџеп Таип Ердоган во работна посета на Русија и, како што пренесе прес службата на Кремљ, поканата е прифатена.

„Владимир Путин го покани Реџеп Тајип Ердоган во следните денови да оствари работна посета на Русија. Поканата е прифатена“, се наведува во соопштението.

Освен тоа, во него се наведува дека лидерите на двете земји се изјасниле за продолжување на процесот на политичко надминување на конфликтот во Сирија и ја изразиле својата намера на крајот на октомври во Женева да го овозможат свикувањето на Уставниот комитет под патронат на ОН. Претседателите, исто така, ја потврдиле својата посветеност за обезбедување на територијалната целост на Сирија, соопшти прес службата на Кремљ./Makfax

Спонзорирано: