13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Инциденти во хрватското собрание, обезбедувањето на раце изнесе опозициски пратеник

Инциденти на денешната седница на хрватскиот парламент додека премиерот Андреј Пленковиќ зборуваше за состојбата на нацијата, пренесуваат хрватските медиуми.

Опозицискиот пратеник од Жив ѕид, Иван Пернар, на раце беше изнесен од салата од страна на обезбедувањето, а Миро Буљ од независната листа МОСТ на столчето на премиерот остави кеса со ѓубре.

Пред почетокот на излагањето на премиерот дојде до расправија меѓу Пернар и претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ, по што обезбедувањето го изнесе опозиционерот од салата.

Јандроковиќ предложи дополнување на дневниот ред со 10 нови точки, а на прашањето дали има приговор, се јави Пернар, која се пожали на состојбата во правосудството поради случајот со силувањето девојче во Задар.

Јавноста во Хрватска е револтуирана кога судија во Задар ослободи група лица да се бранат од слобода, осомничени дека во текот на една година во повеќе наврати групно го силувале девојчето.

Кога Пернар не се држеше до правилата, претседателот на Саборот двапати го опомена и потоа му го одзеде зборот. Пернар не престануваше да зборува, па Јадронковиќ му го одзеде зборот и за денеска и за утре. Пернар го игнорира и тоа предупредување по што Јандроковиќ даде десетминутна пауза и го повика собраниското обезбедување да го изнесе опозицискиот пратеник од салата.

По него, опозиционерот Буљ, кој зборуваше за управувањето со отпадот, во салата внесе кеса со ѓубре.

„Очигледно надлежните не го разбираат принципот за одржливо управување со отпадот… Гледам дека е арогантен премиерот и оваа кеса ќе ја оставам на неговиот стол… еве му ѓубре, што го собирав од Вргорац до Сињ“, рече Буљ.

Јандроковиќ му рече да не прави циркус, туку да седне или да излезе од салата./Makfax

Спонзорирано: