19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Најмалку четворица загинати и шестмина повредени во експлозија во хемиска фабрика во Кина

Најмалку четири лица загинаа, а уште шест се повредени, во експлозијата во хемиска фабрика во автономниот регион Гуангсји Жуанг во јужна Кина, пренесува „Глобал тајмс“. Две тешко повредени лица се во критична состојба по инцидентот во Јулин. Точната причина за експлозијата е непозната.

Видеото, наводно од местото на настанот, го покажува обемот на уништувањето бидејќи не е останато ништо друго, освен карабината на објектот. Спасувачките операции сè уште се во тек. Властите трагаат по дополнителни преживеани од експлозијата./Makfax

Спонзорирано: