5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Радонот одговорен за смртта на 90 до 180 луѓе годишно во Словенија

Во Словенија секоја година умираат меѓу 90 и 180 луѓе од изложеност на радон, гас што предизвикува карцином на белите дробови, соопшти денеска словенечката Администрација за заштита од зрачење.

Претставници на Администрацијата соопштија дека најголем број смртни случаи од радон се забележани во југоисточна и централна Словенија.

Како што објасни Борис Солобир од Администрацијата, радонот е природен гас кој е дел од секојдневниот живот, а мерките за заштита се многу ретки во Словенија./Makfax

Спонзорирано: