14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСАНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

Работите во Македонија тргнаа на подобро: Наместо за споменици и камења, парите се враќаат кај народот – Нов силен скок на минималната плата

Завршија времињата кога платите беа замрзнати. За време на режимот на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ платите не мрднуваа од мртва точка, а сега се’ е поинаку.

Работите во Македонија конечно тргнаа на подобро. Веќе од 2017-та година кога минималецот изнесуваше нешто над 9.000 денари, беше покачен на 12.500 денари. Денес повторно беше соопштена ваква мерка. Следува раст на минималната плата на 14.500 денари, што е за 2000 денари повеќе во однос на претходно.

Ваквиот раст на платите особено позитивно ќе влијае врз граѓаните кои земаат минималец, а ова зголемување ќе повлече и раст на платите и на работниците со просечни примања, што значи и силен раст на просечната плата.

 

На Македонија и’ тргна – раст на платите во образованието, јавниот сектор, администрацијата, здравството…

По речиси 11 години замрзнати плати, минатата година вработените во јавниот сектор добија повисоки плати за 5 проценти. Владата ја продолжи оваа политика со зголемување на платите за уште пет проценти и оваа година.

Владата на Зоран Заев постигна договор и со синдикатот во образованието, што значи дека просветните работници ќе добијат на ова покачување од 5 проценти, уште едно од 10 проценти во април следната година.

Растат платите и во здравството. Социјалната помош порасна за 300 проценти.

 

Силен раст на пензиите

Премиерот Зоран Заев на една од последните трибини соопшти дека пензискиот столб е стабилен како никогаш до сега и најави огромно зголемување на пензиите во следната година, какво што не е видено досега.

 

Наместо за споменици и камења, парите се враќаат назад кај граѓаните

Ако ВМРО ДПМНЕ и режимот на Никола Груевски парите на граѓаните ги насочуваа во екстра-скапиот и сомнителен проект Скопје 2014-та кој според неофицијални бројки даночните обврзници ги чини повеќе од милијарда евра закопани пари за камења и бронза, Владата на СДСМ има друга стратегија – парите ги враќа токму кај народот, со цел да се поттикне економската стабилност на граѓаните во земјава.

Успешниот проект Мој ДДВ кој ја зголеми наплатата на данок им враќа на граѓаните десетици милиони евра на годишно ниво. Со укинувањето на радиодифузната такса и враќањето на ефтината тарифа за струја, повторно заштедуваат граѓаните.

Еден од најновите проекти е субвенционирањето за клима уреди, каде над 10.000 семејства ќе добијат по 1.000 евра за набавка на инвертер клима уред со цел да добијат поефикасно и еколошко затоплување.

Во меѓувреме Македонија е големо градилиште, каде се реконструираат и градат стотици километри локалните, регионални и национални патишта.

Очигледно е дека на Македонија и’ тргна и дека запирање нема.

Спонзорирано: