5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Данска го забрза законот за одземање на државјанството на терористите од ИД

Поради ескалирањето на конфликтот меѓу Турција и Курдите, Данска го забрза законот за одземање на данското државјанство на терористите на Исламската држава, пренесува „Спутник“. Според данската влада, постои голем ризик терористи да избегаат од камповите во подрачјата контролирани од Курдите.

„Актуелната состојба во пограничниот регион меѓу Турција и Сирија претставува значителен ризик странските борци со данско државјанство набргу да бидат на пат за Данска“, соопшти данската влада.

„Затоа, владата ќе побара од парламентот што е можно побргу да одобри закон што ќе овозможи административно да им се поништи данското државјанство на странски државјани со двојно државјанство. Ова значи дека Данска ќе може да им го одземе државјанството на странските државјани додека тие с2 уште се во странство“, велат од данската влада.

Според премиерот Мет Фредериксен, кој доаѓа од редовите на на социјалдемократите, владата ќе стори сè за да ги спречи терористите да се вратат во Данска.

„Постои ризик логорите за затворениците од ИД, контролирани од курдските сили во граничната област, да се растурат и странските борци со данско државјанство да се обидат да се вратат во Данска. Тоа се луѓе што ѝ свртија грб на Данска и насилно се бореа против нашата демократија и слобода. Тие претставуваат закана за нашата безбедност и се непожелни во Данска “, објасни Фредериксен./Makfax

Спонзорирано: